Властите во Авганистан немаат контакт со дел од избирачките места

23

Авганистанската независна изборна комисија нема контакт со 910 од 4.942 гласачки места ширум земјата, во која денеска се одржуваат претседателските избори, пренесува „Ројтерс“.

– Испративме материјал во 4.942 места, а добивме извештаи дека само 4.041 се отворени – изјави во Кабул, Хава Алам Нуристани, шефот на изборната комисија.

Друг претставник на комисијата вели дека нема контакт со 901 гласачко место, , додавајќи дека засега не е јасно дали таму воопшто тече гласањето или местата се затворени поради заканите на талибанците.

Почетокот на гласањето во Авганистан го одбележаа напади.

Властите во севернинот дел на земјата соопштија дека бунтовниците испалиле проектили во обид да го спречат гласањето.

Гулам Рабани, член на советот на провинцијата Кундуз рече дека талибанците на две локации вон градот ги нападнале припадниците на авганистанските безбедносни сили и дека во тек е акција.

Тој наведе дека има жртви, меѓутоа не прецизира за колку лица станува збор бидејќи телекомуникациските мрежи се во прекин.

– Целта на нападите е луѓето да се заплашат и да бидат приморани да останат дома и да не излезат на изборите – рече Рабани.

Претходно најмалку 15 лица беа повредени во бомашки напад врз џамија во Кандахар.

Како што пренесе „АП“ на тоа место се наоѓа избирачко место.

Експлозијата одекна еден час откако гласачите излегоа да го отстварат своето право.