Викендов ќе се одржи првата миса во Богородичната црква по пожарот

55

Во Богородичната црква во Париз, викендов првпат ќе се одржи миса по големиот пожар што го зафати верскиот објект на 15 април.

Како што јавија медиумите, мисата ќе се случува в сабота, а бројот на присутните ќе биде ограничен поради безбедносни мерки.

Ќе присуствуваат околу дваесетина лица, меѓу кои свештеници од катедралата.

Според пишувањата, од мисата ќе биде емитуван телевизиски пренос.