(Видео) Снег во Сахара

649

Додека јануари носи снег во многу краеви на светот, во Сахара или на Блискиот исток тоа не е толку вообичаено. Сепак, овие денови ситуацијата таму е поинаква.

Снег падна во пустината Сахара, а во Саудиска Арабија температурите се спуштија и до минус 2 степени.

На снимките се гледа снег кој ги покрива песочните дини во Сахара.

Снежните сцени сепак ги воодушевија Саудијците, кои меѓу другото во голем број се упатија кон пустината во регионот за да фотографираат. Во оваа област, температурата не паднала под нулата веќе 50 години.

Патем, снегот и мразот се многу ретки во пустините, но не и целосно невозможни. Температурата може значително да падне во текот на ноќта, но снегот обично се топи преку ден.