Венецуела испрати ловци во одбрана на иранските танкери

146

Иранските танкери кои пловат кон Венецуела, се најдоа под заштита на ловци Су-30 и Ф-16. Снимка од летот е објавен на Твитер.

На снимката се гледа како два ловци Су-30 и два Ф-16 летаат над иранскиот танкер „Форест“ и разорувачот на Венецуела ПО-13 Јекуан.

Јужноамериканската држава поседува 24 ловци Су-30МК2. Тие редовно го патролираат воздушниот простор на својата земја.
Во неделата беше соопштено дека првиот од петте ирански танкери со гориво стигнал во Венецуела. САД претходно го предупредија Техеран дека поради тоа би можеле да следат нови санкции.