Венецуела засилува воено присуство на границата со Колумбија

97

Венецуела засилува свое присуство на границата со Колумбија по убиството на тројца војници во текот на викендот, изјави министерот за одбрана Владимир Падрино.

Засега не е познато колку војници се испратени на границата.

Во нападот што се случи за време на викендот повредени се и десет венецуелски војници. Падрино смета дека тој напад е одмазда затоа што Венецуелските власти уапсија девет припадници од колумбиска паравоена формација.