Велика Британија ја прекина продажбата на оружје за Саудиска Арабија

52

Британската Влада денеска соопшти дека привремено го прекинува доделувањето на нови договори за продажба на оружје на Ријад, кое би можело да се користи во Јемен.

Ова следи по одлуката на судот во Лондон, во која Владата се повикува да ги преиспита своите досегашни постапки.

– Не се согласуваме со одлуката и ќе побараме дозвола за поднесување жалба – изјави во британскиот парламент министерот за меѓународна трговија, Лијам Фокс.

Тој додаде дека во меѓувреме нема да издаваат нови дозволи за продажба на оружје на Саудиска Арабија и нејзините партнери во коалицијата, кое би можело да го употребат во јеменските судири.