Бурата Алберто одзема животи во САД

87

Најмалку две лица загинаа при лизгање на земјиштето во американската сојузна држава Северна Каролина, со што бројот на жртви во несреќи предизвикани од невремето неделава, се искачи на четири. Свлечиштето е предузвикано од суптропската бура Алберто што го погоди југоисточниот дел на САД.

Гувернерот на Северна Каролина, Рој Купер изјави дека поради обилните дождови продолжува надзорот на четири брани.

Поради бурата Алберто во Северна Каролина е прогласена вонредна состојба. Според метеоролозите до крајот на неделата ќе има изолирани бури со обилни дождови.

– Бурата уште не е замината. Ги повикувам граѓаните да ја следат внимателно временска прогноза – вели Купер.

Алберто продолжува да се движи како класична тропска бура кон Флорида.

Според временската прогноза бурата се уште може да донесе и дожд и ветер во регионот на Големите Езера оваа недела.