Бунтовниците разнесоа хеликоптер на сириската влада

77

Бунтовниците што ги поддржува Турција соборија хеликоптер на северозападот на Сирија. Се верува дека хеликоптерот ѝ припаѓа на сириската влада, објави турската телевизија ТРТ. Хеликоптерот бил соборен јужно од Идлиб, пренесе „Ројтерс“.

Според првичните информации, хеликоптерот е разнесен од земја со рачен ракетен систем „земја-воздух“.

– Потврдено е дека сите четири членови на екипажот загинале – соопштил сириски воен извор.

Како што се наведува, хеликоптерот го разнела терористичката организација Фронт ал-Нусра.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган порачал дека сириската влада ќе плати висока цена поради нападот на турските сили во Идлиб.

– Тоа беше нужен одговор. Добија тоа што заслужија. Но, тоа не е доволно, ќе продолжиме – рекол Ердоган, пренесе „Ројтерс“.