Бројот на заразени во Италија се зголеми на 322, починаа 10 лица

126

Бројот на пациенти со коронавирус во Италија се искачи на 322, додека бројот на починати се искачи на 10 лица.

Ова го соопшти шефот на италијанскиот кризен штаб, Анџело Борели, пренесува „Анса“.

Најновите три жртви во Италија се на возраст од 84, 83 и 91 година.