Бројот на жртви од бродската несреќа во Будимпешта се искачи на 27

185

Унгарската полиција денеска објави дека е пронајдена и идентификувана 27-мата жртва од бродската несреќа што се случи во мај во Дунав, во центарот на Будимпешта.

Унгарските медиуми пренесуваат дека телото на една жена било извадено од Дунав во селото Макад, на оддалеченост од 58 километри од местото на несреќата.

Претходно беа пронајдени 26 тела. Меѓу жртвите 24 се Јужнокорејци и двајца унгарски членови на екипажот. Уште еден јужнокорејски државјанин е исчезнат, а седум се спасени.

Капетанот на бродот, кој се смета дека ја предизвикал несреќа, засега е единствениот осомничен и откако беше уапсен привремено е ослободен.