Бројот на жртви на коронавирусот се зголеми на 17, над 500 лица се заболени

134

Бројот на жртви на новиот коронавирус се зголеми на 17 лица, додека бројот на заболени се искачи на 540, соопштија властите во Кина.

Изворот на вирусот се верува дека е сличен на грип од животинско потекло, а Светската здравствена организација се состана денеска за да одлучи дали болеста е светска здравствена криза, пренесува CNBC.

Вирусот се шири од кинескиот град Вухан во други кинески градови, како Пекинг, Шангај, Макаи и Хонг Конг, а случаи на оваа болест се потврдени во САД, Тајван, Јужна Кореја и Јапонија.

Кинеските власти велат дека вирусот се карактеризира со тоа што се адаптира и мутира, пренесува „Ројтерс“.