Бројот на жртвите на ураганот Марија во Порторико од 64 се искачи на речиси 3.000

172

Властите во Порторико соопштија дека 2.975 луѓе загинале во ураганот Марија, разорно невреме што овој американски остров го погоди во септември минатата година, пренесува денеска Би-Би-Си.

Изменетиот податок е 50 пати поголем од претходно објавените 64 загинати.

Порторико и натаму се мачи со обновата на уништената инфраструктура и од Конгресот бара 108 милијарди долари помош.

– Наредив бројот на жртви да се ажурира на 2.975 – рече гувернерот Рикардо Росело на прес конференција, при тоа додавајќи дека „иако станува збор за проценка, таа е направена врз научна основа“.

Белата куќа преку соопштение го поткрепи обидот на гувернерот „да обезбеди целосна веродостојност и транспарентност во поглед на бројот на жртвите“.