Британскиот парламент ќе одлучи за нов референдум за брегзит

111

Британската премиерка Тереза Меј синоќа изјави дека на парламентот ќе му биде дадена можност да гласа за тоа дали ќе се одржи нов референдум за членството на Велика Британија во Европската Унија.
        
Меј рече дека предлогот на договорт за повлекување од ЕУ, кој планира да го претстави на парламентот идниот месец, вклучува одредба за гласање за одржување нов референдум за брегзит.
        
Ова е клучно барање на бројни опозициски пратеници, вели АП, додавајќи дека Меј нуди отстапки за она што таа го нарекува ,,последна шанса” за да се обезбеди регуларното британско заминување од Унијата. Договорот кој Меј го постигна со ЕУ, досега трипати беше одбиен од страна на британскиот парламент.