Британскиот парламент го одби предлогот за предвремени избори

119

Британскиот Парламент вечерва го одби предлогот на премиерот Борис Џонсон на 12 декември да се одржат предвремени избори.

Предлогот на Џонсон не го доби неопходното двотретинско мнозинство, односно доби поддршка од само 299 пратеници, јави „Ројтерс“.

Џонсон најави дека повторно ќе се обиде во Парламентот да обезбеди одржување на избори во декември, со поднесување на предлог закон за кој е потребно просто мнозинство.

Европска Унија претходно прифати одложување на Брегзит најдоцна до 31 јануари.