Британскиот воен брод во Јапонија го зголемува притисокот врз Северна Кореја

927

Британски воен брод доплови во Јапонија за да го засили притисокот за спроведување на санкциите на Обединети нации кон Северна Кореја поради нејзината нуклеарна програма.

Бродот на Кралската морнарица вплови во Јокошуку и ќе набљудува дали има забранета морска трговија со Северна Кореја, што претставува најголем извор на финансирање на нуклеарната програма на Пјонгјанг.

Фрегатата ќе го набљудува морето околу Северна Кореја еден месец.

Притисокот врз Северна Кореја се интензивира пред средбата помеѓу севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-им, што е закажана на 27 април и состанокот на Ким со претседателот на САД, Доналд Трамп што треба да се одржи во мај.