Британската полиција пронајде 39 тела во камион

823

Во контејнер во камион во Есекс, пронајдени се телата на 39 мажи, а поради сомнеж за убиство уапсен е 25-годишниот возач на камионот од Северна Ирска.

Камионот со телата, за кој се верува дека стигнал од Бугарија во неделата, бил откриен рано утрово во индустрискиот парк Вотерглејд на Источната авенија, пренесе Би-би-си.

– Ова е трагичен инцидент во кој голем број луѓе го загубиле животот. Нашата истрага е во тек за да утврдиме што се случило – изјави шефот на полицијата, Ендрју Маринер.

Меѓу починатите има и еден тинејџер.

Се работи на идентификација на телата, велат од полицијата.