Британската кралица го одобри законот за Брегзит

159

Законот со кој се уредува излегувањето на Велика Британија од ЕУ, стапи во сила денеска, по неколку месеци остри дебати во британскиот Парламент. 

Текстот на Законот, кој беше претставен во јули 2017 година од конзервативната влада на Тереза ​​Меј, а усвоен минатата недела во британскиот Парламент, го потпиша денеска и кралицата Елизабета Втора.

„Кралската поддршка” е последната фаза од законодавната постапка на Велика Британија.