Британската Влада согласна за преземање мерки против користењето хемиско оружје во Сирија

567

Британската Влада смета дека е неопходно да се преземат мерки против користењето хемиско оружје во Сирија, Тоа се нагласува во соопштение по итната седница на Кабинетот на премиерката Тереза Меј.

– Владата постигна сосгласност дека е неопходно да се преземат мерки за да се спречи користење хемиско оружје од режимот на Асад – нагласува портпарол на Кабинетот.

Владата смета дека е „многу веројатна“ одговорноста на Дамаск за наводниот хемиски напад извршен минатата сабота во градот Дума во кој загинале „до 75 луѓе“, се додава во соопштението.