Брисел ја деблокираше помошта од 1,5 милиони евра за БиХ заради справување со мигрантскиот бран

65

Европската комисија денеска соопшти дека доделила финансиска помош од 1,5 милиони евра за Босна и Херрцеговина со цел да и помогне да се справи со приливот на мигранти, кои минуваат низ територијата на земјата на патот кон Западна Европа.

– Бројот на бегалци и мигранти кои пристигнуваат во Босна расте и ние треба брзо да дејствуваме, изјави еврокомесарот за прашањата за хуманитарна помош Христос Стилианидис.

Претходно денеска, босанскиот министер за безбедност Драган Мектиќ изјави дека приливот на илегални мигранти во Босна и Херцеговина продолжува, соопшти агенција Хина.

Според податоците на Министерството, од почетокот на годината во Босна и Херцеговина влегле 5.664 илегални мигранти, од кои само 437 поднеле барања за азил. Во моментов има помеѓу 1.700 и 1.800 мигранти во земјата. Досега, ниту една апликација за азил не е одобрена, рече Метиќ.