Бремена жена избодена до смрт додека спиела

1055

Бремената Карен Тарнер (31) до смрт била избодена од непознати лица додека заедно со синот и сопругот спиела во луксузно одморалиште во Јужна Африка, пренесе „Скај њуз“.

Тарнер била убиена во вторникот околу 3 часот по полноќ по локално време, еден ден откако го прославила својот 31 роденден. Напаѓачите го прободеле и нејзиниот сопруг Метју (33), но тој го преживеал нападот.

Двајца мажи вооружени со ножеви провалиле во апартманот со поглед на плажа, лоциран во природниот резерват Хлулека.
Карен Тарнер, учителка од градот Андерберг, починала набргу по нападот, кој не го преживеало ниту нероденото бебе.

Метју Тарнер го преживеал нападот и бил пренесен во најблискиот поголем град каде бил подложен на операција. Синот што спиел во нивниот кревет не е повреден.

Портпаролката на локалната полицијата, рекла дека нема знаци на насилно влегување во објектот, но дека сè во апартманот било расфрлано и превртено наопаку.

– Не се работи за грабеж затоа што не се одземени никакви скапоцености – додала таа.

Мотивот за нападот сè уште не е познат, но полицијата соопшти дека идентификувала еден од осомничените.

Семејството Тарнер престојувало во луксузното одморалиште за да го прослави роденденот на Карен. Двојката била во брак од 2017 година, а поседуваат и семјна фарма во јужноафриканскиот Андерберг.