Борис Џонсон учествуваше во сообраќајна несреќа кога на улицата истрча демонстрант

154

Британскиот премиер, Борис Џонсон, учествуваше во сообраќајна несреќа, кога демонстрант скокна пред возилото во кое се наоѓал тој.

Како што пренесе „Скај њуз“, сè се случило пред парламентот во Лондон.

Додека конвојот го напуштал парламентот, демонстрант кој протестирал против судбината на Курдите во Турција истрчал на патот.

Демонстрантот скокнал пред конвојот и возилото во кое бил Џонсон запрело, предизвикувајќи возилото со обезбедувањето да удри во него, при што дошло до мал судар.

Даунинг стрит објави дека никој не е повреден.