Борис Џонсон: Ново одложување на брегзит ќе значи пораз за конзервативците

45

Британскиот политичар Борис Џонсон предупреди дека било кое понатамошно одложување на брегзит ќе биде катасторфа за конзервативците во земјата, пред започнување на кампањата за назначување на нов лидер на Конзервативната партија.

Џонсон смета дека Велика Британија мора да ја напушти Европската Унија на 31 октомври и дека сите други опции за неговата паритија ќе значат пораз на следните парламентарни избори.

Според пишувањата на Би-би-си, Борис Џонсон вели дека неговите две победи на изборите за градоначалник на Лондон го прават најдобар кандидат кој може да го победи Џереми Корбин.