Болтон: Можни се санкции за европските компании кои соработуваат со Иран

1373

Советникот за национална безбедност во Белата куќа Џон Болтон изјави денеска дека можно е да бидат воведени санкции за европските компании кои ќе продолжат да соработуваат со Иран, по повлекувањето на САД од нуклеарниот договор со Техеран.

– Тоа е можно. Зависи од однесувањето на другите Влади – нагласи Болтон.

Американските медиуми јавија дека, одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп, САД да се повлечат од нуклеарниот договор што е постигнат во 2015 година, ги вознемирала европските сојузници на Вашингтон, донела неизвесност во поглед на глобалното снабдување со нафта и го зголемила разикот од судири на Блискиот Исток.