Боливија ќе побара помош од Интерпол за налогот за апсење на Моралес

26

Боливиските власти ќе побараат помош од Интерпол во врска со налогот за апсење издаден за поранешниот претседател Ево Моралес, се вели во соопштението на јавното обвинителство, пренесува „Спутник“.

-Во моментот, обвинителството бара налогот за апсење да биде предаден на полицијата за извршување и ќе побара помош од Интерпол – рече државниот јавен обвинител на Боливија, Хуан Ланципа Понсе, во соопштението.

Министерот за внатрешни работи на привремената влада на Боливија, Артуро Муријо, објави на Твитер фотографија од налогот за апсење издаден од обвинителството по обвинение за противдржавно дејствување, тероризам и финансирање терористички активности. Моралес ја нарече потерницата незаконска и противуставна.

Понсе истакна дека против Моралес е почната нормална постапка затоа што кривичните дела под истрага биле извршени по неговата оставка.

На 10 ноември, боливискиот претседател Ево Моралес се повлече од својот четврт мандат, како што го советуваше војската на Боливија и избега во Мексико кога избувнаа протестите по парламентарните избори во октомври.

Повеќето високи владини високи претставници на Боливија исто така поднесоа оставки, а вториот потпретседател на Сенатот, Жанин Ањез, се прогласи за привремен претседател на Боливија. Новите боливиски власти распишаа нови претседателски избори за средината на март. На Моралес му е забрането да гласа.