Боливија издаде потерница по Моралес

89

Боливиското обвинителство објави потерница по неодамнешниот претседател Ево Моралес обвинувајќи го за тероризам и поттикнување бунт.

Обвинувањата против Моралес се засновани, како што пишува весникот „Разон“, на видеоснимка од разговор меѓу Моралес и соработниците, од што произлегува дека Моралес планирал да ги блокира градовите и да ги остави без храна за да го спречи бунтот.

Моралес во средината на минатиот месец, по 14 години владеење, поднесе оставка од функцијата претседател. По оставката, замина во Мексико.

Протестите во Боливија почнаа набргу по одржувањето на изборите кон крајот на октомври на кои Моралес победи. Во нередите досега загинаа три лица, а над 300 се повредени.