Близу 100 загинати во земјотресот на Ломбок

174

Најмалку 98 луѓе загинаа, а 236 се повредени при земјотресот со интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала што го погоди индонезискиот туристички остров Ломбок.

Илјадници куќи се уништени, а спасувачите сè уште немаат пристап до одредени поединечни загрозени области.

Повеќе од 10.000 луѓе, меѓу кои и голем број на туристи, евакуирани се од островот Ломбок во Индонезија по катастрофалниот земјотрес што го погоди островот.

Земјотресот беше толку силен што се почувствува и на соседниот остров Бали, каде загинаа две лица.

На 29 јули годинава на Ломбок беше регистриран земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтер, при што загинаа 17 лица, а стотина беа повредени.