Би-би-си отпушта 450 вработени

112

Би-би-си соопшти дека планира да го модернизира системот што ќе доведе до укинување на околу 450 работни места.

Директорката Френ Ансворт рекла дека реорганизацијата ќе биде направена имајќи го предвид напредокот на дигитaлното новинарство.

– Мораме да ги реорганизираме вестите за следната генерација на тој начин што ќе бидат заштедени пари. Трошиме премногу пари на традиционалното линеарно емитување, а недоволно на дигиталното – рекла таа.

Додала дека компанијата мора да се соочи со промената на начинот на кој се користи нејзиниот сервис и да најде нови начини да се поврзе со гледачите и слушателите.

Компанијата има намера да заштеди 80 милиони фунти или колу 105 милиони долари за трошоци.

Некои емисии ќе бидат укинати, а главната дневен програма за вести „Њузнајт“ ќе има пократки прилози.

Другите кратења на трошоците се насочени кон националниот радио сервис „5 лајв“ и на утринските вести на англиски на Светскиот сервис на Би-би-си. Се разгледува и можноста за намалување на бројот на водители.