Би-би-си: Ердоган во канта го фрлил писмото од Трамп

95

Писмото на американскиот претседател Доналд Трамп, до турскиот колега Реџеп Таип Ердоган, заврши во канта, пренесува Би-би-си повикувајќи се на неименувани извори од турското претседателство.

– Претседателот Ердоган го прими писмото, целосно ја отфрли неговата содржина и го фрли во канта – потврдиле изворите.

Во писмото, датирано од 9 октомври, испратено по повлекувањето на американските сили од Сирија, Трамп му порачал на Ердоган да не биде „опасен и луд“.

Всушност, на денот кога започна турската офанзива во североисточна Сирија, Трамп го предупредил Ердоган дека ако ситуацијата во Сирија не се реши хумано, во историјата ќе остане запаметен како ѓавол.