Битката за моќ на саудискиот принц не стивнува

1526

Саудискиот принц Мохамед бин Салман нареди апсење на тројца членови на кралското семејство, без да ги објави причините, пренесува „Њузвик“. Уапсени се принцот Ахмед бин Абдулазиз, помладиот брат на саудискиот крал Салман бин Абдулазиз ал-Сауд, роднината Прине наваф бин Најеф и поранешниот министер за внатрешни работи Мохамед бин Најеф, според информациите на Би-би-си.

Салман се обидува да ја консолидира моќта во кралството, сметајќи дека е прв во наследната низа за престолот. Во 2017 година тој стави во притвор дел од политичките противници, вклучувајќи и неколку свештеници за кои се сметаше дека имаат поинакви политички и религиски убедувања. Мохамед бин Најеф беше во куќен притвор минатата година, со што беше тргнат настрана во корист на Салман.

Многумина го обвинија саудискиот принц за планирање на убиството на новинарот Џамал Кашоги во 2018 година, бидејќи колумнистот на „Вашингтон пост“ го критикуваше Салман во неговите написи. Се претпоставува и дека Салман стои зад кражбата на податоци од телефонот на сопственикот на „Вашингтон пост“, Џеф Безос, истата година.