Бил Гејтс прими вакцина против коронавирус, но не откри која

80

Основачот на „Мајкрософт“, милијардер и филантроп Бил Гејтс објави на Твитер дека оваа недела ја примил првата доза на вакцината против коронавирус, но не откри која.

Гејтс рече дека се чувствува одлично и им се заблагодари на сите научници, учесници во истражувањето, регулатори и медицински професионалци „кои нѐ доведоа до оваа точка“.
– Една од предностите да се има 65 години е тоа што ги исполнувам условите за вакцина против ковид-19 – напиша Гејтс за фотографијата од вакцинацијата.

Гејтс, сепак, не откри која вакцина ја примил.