Библијата на кланот Бајден повторно ќе биде дел од инаугурацијата

270

Кога Џо Бајден ќе ја положи заклетвата на денешната инаугурација и ќе стане 46-тиот претседател на САД, тој ќе го стори тоа држејќи една рака на Библијата, како што е обичај. Но, разликата овој пат ќе биде тоа што Библијата врз која ќе ја положи заклетвата изгледа многу поголемо, постаро, со врежан келтски крст на корицата, а и воедно е повпечатлива и попрепознатлива кај американскиот народ од останатите Библии, пренесуваат светските медиуми. 

Оваа Библија последен пат беше видена кога американскиот претседател Барак Обама ја положи претседателската заклетва по вторпат во 2013 година, а претставува семејно наследство што е во сопственост на кланот Бајден веќе 127 години.

Бајден, кој никогаш не крие дека е побожен, ја користи оваа Библија за секоја пригода и церемонија, откако првпат положи заклетва како сенатор во 1973 година. Таа пригода не се случи во Вашингтон, туку во Вилмингтон, до болнички кревет на кој неговите синови Бо и Хантер се опоравуваа по трагичната сообраќајна несреќа во која загинаа нивните мајка Нилија и малата сестра Наоми. 

Бо, кој во 2015 година на 46 години почина од карцином на мозок, беше главен обвинител на Делавер и ја положи неговата заклетва на истата Библија во 2007 година.

– Таа Библија е семејно наследство на семејството Бајден, и секој важен датум е впишан таму. Секогаш кога сум положил заклетва за што било, датумот е запишан во Библијата – објасни Бајден за време на гостувањето на телевисизкото шоу на Стивен Колбер во декември минатата година.

Големата Библија, која често предизвикува интересни коментари и шпекулации, носи горда традиција и дава дополнителен контраст со вкусовите на претходникот на Бајден, Доналд Трамп. Медиумите пишуваа за наводната намера на Трамп да даде заклетва додека неговата сопруга Меланија Трамп држи копија од неговиот деловен прирачник „Уметноста на зделката“ од 1987 година, иако претседателот во заминување ја даде заклетвата со полагање на раката на копија од Библијата на неговата инаугурација.