Берлускони одби да сведочи пред суд

74

Поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони, одби да сведочи на судење на негов долгогодишен соработник кој е осомничен дека се обидел да биде посредник меѓу мафијата и политичарите.

Берлускони пред судот во Палермо, Сицилија, рекол дека адвокатите го советувале да не одговара на прашањата. Тој одбил и да се фотографира или снима додека стои пред судијата.

Обвинителството тврди дека сицилијанската мафија Коза ностра се обидела да им се приближи на политичарите во настојувањето да добие помали казни за осудени мафијаши.