Белгија го тужи Гугл Мапс

124

Белгиското Министерство за одбрана поднесе тужба против компанијата „Гугл“ поради објавување на разни стратегиски важни армиски објекти на сервисот Гугл Мапс.

Белгија побарала од Гугл да ги замати сателитските снимки на две важни воздухопловни бази, од кои во едната се смета дека се чува американско нуклеарно оружје.

Белгиските власти побарале да се заматат и снимките од нафтени терминали во пристаништето Антверпен и на други стратегиски важни објекти кои може да бидат цел на терористички напади.

Но, и покрај овие барања, „Гугл“ продолжил да ги споделува снимките од овие локации во полна резолуција, со сите можни детали, поради што белгиските власти поднесоа тужба.