Белата куќа негира дека Трамп рекол оти САД не се веќе цел на Русија

230

Белата куќа негира дека претседателот на САД денеска рекол, во одговор на прашање, дека САД не се веќе цел на Русија.

Според портпаролката на претседателот, со одговорот „не” тој всушност имал на ум дека нема да одговара повеќе на новинарски прашања, а не дека не е можна руска интервенција во американските избори. 

Претходно, во одговор на прашање дали САД се уште се цел на Москва, Трамп одмавна со главата и рече: „Не”.

– Претседателот рече „не” во смисла дека нема да одговара на прашања. Претседателот и неговата администрација работат напорно за да се осигураат дека Русија не може да интервенира во нашите избори, како што беше во минатото. Тој смета дека американските избори повторно ќе бидат нивна цел, објасни подоцна Сара Сандерс.

Таа додаде дека „заканата се уште постои”.