Бебе што има само 17 дена е излечено од коронавирус

208

Седумнаесетдневно бебе од Вухан, на кое му беше дијагностицирана инфекција со коронавирус КОВИД-19 веднаш по неговото раѓање, заздравило без лекување и е отпуштено од болницата во Вухан.

Според кинеските медиуми, девојчето е најмладиот пациент што заздравил од вирусот. Бебето било пренесено во детската болница Вухан истиот ден кога го родила мајката, која била заразена со вирусот. Набргу потоа, откриено е дека и бебето го има вирусот.

– Девојчето Кјао Ксиао имаше респираторна инфекција и благо оштетување на срцевиот мускул – вели докторот Ценг Лингконг.
Бидејќи тоа немало очигледни симптоми, лекарите решиле да не му даваат антибиотици и го оставиле бебето само да се избори со вирусот.

– Таа немаше видливи потешкотии во дишењето, не кашлаше и немаше треска, па токму затоа ние и’ дадовме само лек за срцето – рече докторот.

Бебето е пуштено од болница во петокот вечер, откако три последователни тестови покажале дека е негативно на вирусот. Според лекарите, бебето целосно заздравило од вирусот, но и од срцевите заболувања.

– Таа дури и расте и е здебелена – вели докторот.

Лекарите во Кина стравуваа дека инфекцијата може да се пренесе од мајка на бебе во матката. Претходно овој месец, на бебе родено од пациентка заразена со новиот коронавирус му беше дијагностицирана смртоносната болест 30 часа откако се роди во Вухан.