Бајден се фати за работа, без да разговара со Трамп

101

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден изјави дека се уште не разговарал со претседателот во заминување Доналд Трамп. Бајден во првото интервју по изборите, кое го даде за американската телевизија Ен-би-си, зборува за процесот на преносот на власта и другите проблеми со кои ќе се соочи за време на мандатот.

Со оглед на тоа дека администрацијата на Трамп започна процес за пренос на власта и на некој начин го призна поразот на изборите, Бајден истакна дека неговиот тим се обидува уште сега да го упати новиот претседател во сите настани.

– Администрацијата веќе започнува да ги подготвува дневните извештаи што ќе ги добивам како претседател. Исто така, организираме состанок со тимот за ковид во Белата куќа за да се договорат за условите за дистрибуција на вакцината, што треба да им биде достапна на сите луѓе – рече Бајден.

Тој се осврна на гласините дека неговата администрација ќе се однесува како Обама.

– Се соочуваме со сосема поинаков свет отколку што беше во администрацијата на Обама. Претседателот Трамп целосно го смени ликот на државата и тоа ќе мора да го смениме – рече Бајден.