Бајден му го препушти на Сенатот прашањето за отповикување на Трамп

67

Одлуката за тоа како ќе продолжи процесот на судење на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, новиот американски претседател Џо Бајден ќе му ја препушти на Сенатот, соопшти портпаролот на Белата куќа, Џен Псаки.

– Убедени сме дека Сенатот може да ја исполни својата уставна должност додека работи за американскиот народ. Претседателот Бајден ќе им ги остави механизмите, временската рамка и другите детали за тоа како Конгресот ќе го продолжи процесот на отповикување – рече Псаки на брифингот за печатот во Белата куќа.

Претседателката на Претставничкиот дом, Ненеси Пелоси, сè уште не го испратила текстот за отповикувањето до Сенатот, а според правилата на тоа тело, судењето на поранешниот претседател ќе започне ден по приемот на одлуката за отповикување.

Бајден претходно ги повика сенаторите да не дозволуваат судењето во Трамп да ги забави преостанатите активности во првите денови од неговиот мандат, како што се гласање за неговата администрација и донесување закони.