Бајден избра нов државен секретар

127

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден го избра Ентони Блинкен за државен секретар на САД, соопшти тимот на Бајден.
– Под администрацијата на Бајден-Харис, американската национална безбедност и надворешната политика ќе бидат водени од искусни професионалци подготвени да го вратат принципиелното лидерство на светската сцена и достоинственото лидерство дома – рекоа Бајден и Камала Харис на официјалниот профил на Твитер.

Тимот на Бајден го избра Алехандро Мајорка за секретар за национална безбедност, Ејвори Хејнс ќе биде назначен за шеф на националната разузнавачка служба, Линда Томас-Гринфилд ќе биде амбасадор на САД во Обединетите нации, Џеј Сулива ќе биде советник за национална безбедност и Џон Кери ќе биде специјален пратеник на претседателот за климатски промени.