Бајден го критикува Трамп затоа што молчи за Лукашенко

73

Претседателски кандидат на Демократската партија, Џо Бајден, го критикуваше актуелниот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп затоа што не дава никаков коментар за, како што рече, задушувањето на демократските протести во Белорусија, кои според него, ги водел диктаторот Александар Лукашенко.

– Претседателот Трамп одбива да зборува против постапките на Лукашенко и да го поддржи продемократското движење – додаде Бајден.