Бајден ги повика Американците на внимателност за време на празниците

42

Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден апелираше до Американците да бидат внимателни за време на празниците.

Бајден одржа говор во кој изјави дека граѓаните се уморни од ограничувањата што ги носи епидемијата на коронавирус, но тој сепак побара да бидат претпазливи затоа што бројот на новозаболени од ден на ден се зголемува, објави Ројтерс.

Тој исто така ги повика своите сонародници да се откажат од големите семејни собири што традиционално се организираат за Денот на благодарноста и вети дека веднаш ќе се справи со пандемијата веднаш штом ќе ја преземе функцијата на 20 јануари.

Бајден го обвини Трамп дека подлегнал на паника за време на кризата со американското јавно здравство.

Тој се осврна и на помилувањето на Трамп на поранешниот советник за национална безбедност, генерал Мајкл Флин, кој двапати ја призна својата вина за давање лажни искази на ФБИ и затоа беше осуден на затворска казна.

Тој оцени дека помилувањето на Трамп е „дело на тешка корупција и дрска злоупотреба на моќта“.