Бајден воведе рестрикции за влез во САД

180

Претседателот на САД Џо Бајден повторно воведе рестрикции за влез во САД за странците кои доаѓаат од Велика Британија, Бразил, Ирска и поголемиот дел од Европа.

Новиот американски претседател ќе ја прошири таа забрана и на лица кои неодамна биле во Јужна Африка, поради информации за појава на нови, преносливи видови на коронавирус во САД, рекол претставник на Белата куќа.

Неговата одлука влегува во рамката на планот на новата администрација за борба против коронавирусот во САД. Бајден во петокот оцени дека бројот на починати од ковид-19 во САД треба да биде значително помал од 600.000.

Уште во првите денови од стапувањето на функцијата, Бајден ги заостри прописите за носење маски и нареди карантин за лицата кои доаѓаат во САД со авион.

Доналд Трамп во последните денови на власт објави дека ќе биде укината забраната за влез во САД за патници од поголем дел на Европа и Бразил, но администрацијата на Бајден соопшти дека веднаш ќе ја поништи таа наредба, која требало да стапи на сила на 26 јануари.