Бабиш: Потребни се повеќе дискусии за идниот прием на земји во ЕУ

40

Премиерот на Чешка, Андреј Бабиш денеска се заложи за повеќе дискусии за идната структура на Европска унија и за прашањата како што е прием на земјите од Западен балкан.

Бабиш на заедничката прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин, истакна дека Чешка е против распределба на мигранити во земјите-членки на Унијата и апелираше за поголема соработка со Либија во борбата против трговијата со луѓе преку Средоземно Море.

Но, тој додаде дека е многу тешко да се соработува со либиските власти поради постоечките судири помеѓу ривалските фракции, но додаде дека либиската крајбрежна стража е „многу ефикасна“ во намалување на бројот на мигранти кои стигнуваат во Европа.