Баба во инвалидска количка шверцувала три килограми кокаин

230

Колумбиските нарко-картели користат различни начини за испраќање дрога надвор од земјата, но полициските службеници и таму неодамна останале во шок поради еден конкретен случај.

Колумбиската полиција ја уапсила Ирина Меса де Маруланд (81), откако во нејзината инвалидска количка пронашле кокаин. Сето тоа се случило во моментот кога 81-годишната жена се обидувала да се качи во авион кон Шпанија, јавуваат медиумите.

Во полициското соопштение се вели дека кај старицата биле пронајдени речиси три килограми кокаин. Дрогата била сместена во металните цевки од нејзината инвалидска количка.

Според полицијата, таа тврдела оти не знаела дека во количката има дрога.

Од полицијата додаваат дека ова е четврт случај од почетокот на годината да пронајдат дрога кај постари жители.