Афроамериканец сеел страв во католичка црква во Минхен

139

Непознат маж денеска влезе во католичката црква Свети Павле во Минхен  и извикувал „Такбир“ (Алаху акбар), по што завладеала паника меѓу верниците.

Луѓето почнале да бегаат од црквата бидејќи мислеле дека станува збор за терористички напад, при што полесно се повредени 24 лица, соопшти германската полиција.

Во моментот во црквата се наоѓале повеќе Хрвати кои успеале да го совладаат мажот и да го спречат неговото приближување до олтарот. Веднаш била повикана полиција, која го уапсила непознатото лице.

Според изјави на очевидци, станува збор за Африканец кој слободно влегол во црквата меѓу верниците и почнал да вика „Такбир“ (Алаху акбар).

Некои од верниците тврделе и дека мажот фрлил нешто слично на петарда, но тоа засега не е потврдено.

Локалните медиуми објавија дека паниката во црквата ја предизвикало лице со психичко нарушување.

– Почнал да гестикулира и да извикува нерзабирливи зборови, преплашувајќи ги посетителите на црквата- соопшти полицијата.