Аселборн: Австрија не е достојна да претседава со Советот на ЕУ

94

Министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн денеска ја критикуваше Австрија велејќи дека оваа земја не е достојна да биде претседавач со Европскиот совет поради нејзиниот став кон мигрантите.

– Не е добар пример ако со Советот претседаваат земји кои ја поддржуваат Италија во распределбата на мигрантите – изјави Аселборн.

Десничарската Влада на Австрија се залага за чување на европската надворешна граница од неконтролирана миграција и соработува со Италија и Унгарија по ова прашање. Аселборн ја повика Австрија да прими дел од мигрантите кои доаѓаат во Италија од Либија, и чија натамошна судбина предизвика политичка криза во ЕУ.

– ЕУ дојде во многу тешка состојба, и земјата претседавач, која и да е, би требала да даде се од себе по прашањата на солидарност и владеење на правото, а не да предлага воени операции во северна Африка и да го минира изнаоѓањето на решенија – изјави луксембуршкиот министер.