Асанж ја повлече жалбата на затворската казна

48

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, ја повлече денеска жалбата на изречената затворска казна од 50 недели поради прекршување на условите за условно ослободување, која ја издржува во Велика Британија.

Судските власти објавија дека расправата, која беше закажана за следната недела, е откажана, објави АП.

Асанж ја отслужува казната од 50 недели во Велика Британија поради прекршување на условите за кауција, по седум години кои ги мина во Амбасадата на Еквадор во Лондон, со цел да избегне екстрадиција во Шведска каде се товари за наводно силување.

Асанж во февруари следната година го чека сослушување со цел да се утврди дали ќе биде екстрадиран во САД, каде што е обвинет за наводен обид за кршење на законот за шпионажа.