Ароматизирани метро линии во Виена за време на летните горештини

51

Возовите на „Виенска линија“ – градскиот превозник во главниот град на Австрија, освен што во текот на летните месеци се постојано климатизирани, од неодамна и пријатно мирисаат со помош на разни освежителни ароми, соопштуваат од градската управа.

Четири возови на две метро линии до крајот на месецов ќе бидат опремени со различни мириси во рамките на пилот-проект, а патниците ќе можат да одлучат дали воопшто сакаат миризливи возови и која арома сметаат дека е најсоодветна, пренесува „Б92“.

Во текот на јули, низ Виена ќе возат четири возови со четири различни мириси. Возовите ќе бидат препознатливи по цветните мотиви на нивната надворешност. Аромите ќе се шират преку системот за разладување и ќе бидат рамномерно распоредени во внатрешноста на вагоните.

Виолетовата ќе има мирис адекватен за релаксација, зелената е енергетска и дејствува освежувачки, портокаловата линија, исто така носи свежи ароми, а розевата шири позитивно расположение, се објаснува во соопштението.