Армијата на Карабах гранатира азербејџански тенкови и оклопни возила

250

На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како единиците на армијата за одбрана на Карабах вршат серија артилериски напади врз колона непријателски тенкови и борбени возила.

– Одбраната на Нагорно-Карабах им нанесува моќни и прецизни удари на азербејџанските позиции и оклопните возила – се наведува во објавата на прес-службата на Министерството за одбрана.

Како што пишува на Фејсбук портпаролот на ерменскиот министер за одбрана, Шушан Степанјан, силите извршуваат успешни казнени дејствија, нанесувајќи му штети на непријателот во опрема и човечка сила.

Министерството за одбрана на Ерменија преку соопштение тврди дека Азербејџан изгубил 4 хеликоптери, 15 дронови, 10 тенкови и борбени возила во конфликтите во Нагорно-Карбах.

Заедно со соопштението, eрменското Министерство за одбрана објави и снимки од уништувањето на тенковите.

Ерменските власти денеска прогласија воена состојба и општа мобилизација откако избувнаа нови судири во Нагорно-Карабах меѓу тамошните сепаратисти поддржани од Ереван и азербејџанските сили.

Ерменија и Азербејџан веќе четири децении се во конфликт околу регионот, кој е меѓународно признат како дел од Азербејџан, но е под контрола на Ерменците.