Анкетата на ЕУ за летното сметање на времето завршува вечерва

90

Европејците имаат време до вечерва да го разгледаат завршувањето на практиката на поместување на стрелите за еден час напред во периодот од март до октомври, јави ДПА.

На 4 јули, Европската комисија почна анкета за тоа прашање.

Во неа, испитаниците може да кажат дали сакаат да се укине таа практика со летното сметање на времето. До полноќ, гласале повеќе од милион луѓе.
Анкетата завршува оваа ноќ – помеѓу 22:00 и полноќ во зависност од земјата и временската зона.

Сė уште не е познато кога резултатите ќе бидат објавени од „референдумот“ со незадолжителен карактер. Резултатите може да бидат основа за законски дејствија што би требало да ги одобрат ЕП и државите членки на ЕУ.