Генералната секретарка на германската Христијанско демократска унија (ЦДУ) Анегрет Крамп-Каренбауер е избрана за нов лидер на партијата, која на таа позиција ќе ја наследи канцеларката Ангела Меркел, јави ДПА.

Крамп-Каренбауер, долгогодишен сојузник на Меркел, победи во вториот круг од гласањето на Конгресот на ЦДУ во Хамбург, победувајќи го Фридрих Мерц. За неа гласаа 517 делегати (51,75 проценти), а Мерц доби 482 гласа (48,25 проценти).

Иако нема да раководи со партијата, Меркел има намера да остане канцелар до крајот на четвртиот мандат, кој истекува на крајот на 2021 година.

Крамп-Каренбауер ја презеде функцијата генерален секретар на ЦДУ во 2018 година. Пред тоа, од 2011-2018, беше првиот премиер на германската покраина Сарланд, и воопшто четврта жена, која раководела некоја од германските сојузни држави. Таа во периодот  2000-2004 беше министерка за внатрешни работи на Сарланд, исто така, прва жена која била на таква функција во Германија.

Сарланд е најмалата од 16 сојузни држави или провинции.